Кадетките во вториот шешир за извлекувањето на групите за 2022 IHF Women’s Youth (U18) World Championship

Кадетките во вториот шешир за извлекувањето на групите за 2022 IHF Women’s Youth (U18) World Championship

Утре (02 Јуни 2022 година), со почеток од 15:00 часот во канцелариите на ИХФ во Базел, ќе се одржи извлекувањето на групите за 2022 IHF Women’s Youth (U18) World Championship што летово ќе се игра во Македонија.

Пренос во живо од извлекувањето на групите на социaлните мрежи на IHF (Facebook и YouTube).

Кадетската женска ракометна репрезентација на Македонија е дел од вториот шешир за претстојното извлекување. Како домаќини на 2022 IHF Women’s Youth (U18) World Championship ќе имаме привилегија да одбереме во која група да настапуваме.

На претстојното 2022 IHF Women’s Youth (U18) World Championship ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации

Покрај Македонија во вториот шешир се репрезентациите на Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска, Чешка, Казахстан и Холандија

Репрезентации во прв шешир: Унгарија, Германија, Иран, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија и Црна Гора

Репрезентации во трет шешир: Египет, Австрија, Бразил, Словачка, Аргентина, Гвинеја, Узбекистан, Алжир

Репрезентации во четврт шешир: Кореа, Индија, Сенегал, Уругвај, Фарски Острови, Исланд, Словенија, Шпанија

Извлекувањето започнува со репрезентациите од четвртиот шешир од група А кон Група Х, потоа се извлекуваат репрезентациите од третиот шешир од група А кон група Х, потоа следи извлекувањето на репрезентациите од првиот шешир исто така од група А кон група Х.

Пред извлувањето на репрезентациите од вториот шешир, ќе имаме привилегија за одбирање на група во која би настапиле на 2022 IHF Women’s Youth (U18) World Championship. Откако ќе одбереме група, извлекувањето ќе продолжи со излвекување на останати репрезентации од вториот шешир.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00