Извлекување М18 EHF EURO 2024 и М20 EHF EURO 2024

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 29.02.2024 со почеток во 15:00 часот во просториите на седиштето на Европската Ракометна Федерација во Виена, ќе се оддржи извлекување на групите за учество на машките младински ракометни првенства М18 EHF EURO 2024 и М20 EHF EURO 2024.

М18 EHF EURO 2024 ќе се оддржи во Подгорица, Црна Гора во период од 07ми-18ти Август 2024, а машката кадетска селекција на Македонија е дел од четвртиот шешир во кој се уште селекциите на Романија, Грција, Израел, Украина и Италија.

 

Шешир 1: ШПАНИЈА; ГЕРМАНИЈА; ШВЕДСКА; ХРВАТСКА; ДАНСКА; ИСЛАНД;

Шешир 2: УНГАРИЈА; СЛОВЕНИЈА; ЦРНА ГОРА; ПОРТУГАЛИЈА; НОРВЕШКА; ФРАНЦИЈА;

Шешир 3: СРБИЈА; ФАРСКИ ОСТРОВИ; ПОЛСКА; ЧЕШКА; ШВАЈЦАРИЈА; АВСТРИЈА;

Шешир 4: ГРЦИЈА; МАКЕДОНИЈА; РОМАНИЈА; ИЗРАЕЛ; УКРАИНА; ИТАЛИЈА;

На М18 EHF EURO 2024 ќе настапат 24 репрезентации кои ќе бидат поделени во шест групи по четири селекции, а земјата организатор (Црна Гора) има право да ја избере групата во која ќе се натпреварува.

Младинското машко првенство М20 EHF EURO 2024 ќе се оддржи во Целје, Словенија во период од 10ти-21ви Јули 2024 година. Машката младинска селекција на Македонија во зависност од извлекувањето ќе биде дел од третиот или четвртиот шешир. 

Пред извлекувањето на учесниците по групи, ќе биде спроведено извлекување кои од трите федерации на Aвстрија, Чешка и Македонија ќе биде дел од шешир 3 а која селекција ќе биде во шешир 4, бидејќи трите национални селекции како победници на М18 ЕХФ шампионатите во 2022 година се рангирани на истата позиција.

Шешир 1: ШПАНИЈА; ШВЕДСКА; ГЕРМАНИЈА; УНГАРИЈА; ХРВАТСКА; ДАНСКА;

Шешир 2: НОРВЕШКА; ПОРТУГАЛИЈА; СЛОВЕНИЈА; ФАРСКИ ОСТРОВИ; ИСЛАНД; ЦРНА ГОРА;

Шешир 3: СРБИЈА; ФРАНЦИЈА; ПОЛСКА; ИТАЛИЈА; ТИМ*; ТИМ*; 

Шешир 4: ТИМ*; УКРАИНА; ИЗРАЕЛ; ШВАЈЦАРИЈА; РОМАНИЈА; ГРЦИЈА;

На М20 EHF EURO 2024 ќе настапат 24 репрезентации кои ќе бидат поделени во шест групи по четири селекции, а земјата организатор (Словенија) има право да ја избере групата во која ќе се натпреварува.

Извлекувањето ќе може да се следи во живо на FB и YouTube каналот на EHF.

 

Со почит,

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на