ИСКРЕНИ ЖЕЛБИ ЗА СРЕЌЕН ПОЧЕТОК!

Женските ракометни сениорки во пресрет на EHF EURO 2022

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, денес имаше средба со сениорките и со стручниот штаб, во пресрет на почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица, од 4 – 20 ноември годинава.  

„ Сѐ што треба да направите, е да верувате во себе, да верувате во тимот, да бидете посветени и да се борите до крај. Без калкулации и без потклекнување и предавање пред фаворитите, а со борба за секоја топка!“, истакна Мукаетов во своето обраќање пред сениорките и стручниот штаб, потенцирајќи дека Ракометната федерација стои цврсто позади нив и со безусловна поддршка, а со само едно барање – игра со срце на терен.

Ракометарките изразија благодарност за вложените напори на македонската куќа на ракометот – за можноста да играат европско првенство на домашен терен, а со тоа и да го вратат сјајот на женскиот ракомет во земјава.

Женското ЕХФ Европско првенство 2022 се одржува под слоганот  #PLAYWITHHEARТ, а Скопје после цели 14 години повторно ќе биде домаќин на европската ракометна елита.

Арената „Борис Трајковски“ е со комплетно обновена спортска инфраструктура, по терк на високите ЕХФ стандарди, наскоро ќе ги пречека екипите кои играат во групата Ц и во главната рунда,.

Натпреварите од групата Ц, македонската селекција ќе ги одигра против репрезентациите на Франција (05.11.2022), Холандија (07.11.2022) и Романија (09.11.2022).

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на

Извлекување

Ве информираме дека на датум 24.03.2025 (понеделник) во просториите на Ракометната федерација ќе