Информација за извлекување на натпреварувачките броеви за Плеј Оф и Плеј Аут од Супер Женска Лига

Информација за извлекување на натпреварувачките броеви за Плеј Оф и Плеј Аут од Супер Женска Лига

На ден 24.01.2023 (вторник) во просториите на Ракометната Федерација на Македонија ќе се оддржи извлекување на натпреварувачките бороеви на екипите учесници во Плеј Оф и Плеј Аут во женска сениорска конкуренција.

Плеј Оф групата ќе ја формираат екипите пласирани од 1 до 4 место од групите А и Б, а тоа се ЖРК Вардар, ЖРК Чаир, ЖРК Куманово, ЖРК Пелистер 2012 од група А, додека од група Б се Ѓорче Петров ЖРК, ЖРК Металург, ЖРК Стружанка и ЖРК Овче Поле СУ.

Плеј Аут групата ќе ја формираат екипите пласирани од 5 до 8 место од групите А и Б. Од група А се ЖРК Шампион, ЖРК Скопје, ЖРК Гевгелија и РК Спартак, додека од група Б се ЖРК Астибо, РК Деспина и РК Кузман Вардар.

Во Плеј оф и Плеј аут групите се пренесуваат резултатите и бодовите постигнати со екипите со кои
веќе се играло во регуларниот дел во групата, а се пласирале во иста група Плеј Оф или Плеј Аут.
Ќе се играат 2×4 кола или вкупно 8 кола (домаќин/гостин) само со екипите кои играле во
спротивната група во регуларниот дел.

На крајот од овие групи се одредува конечниот пласман на екипите за сезона 2022/2023.

Извлекувањето следете го во живо на: https://www.youtube.com/watch?v=GJYl3UVn3G4&ab_channel=RFMHANDBALL

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека апликациите за акредитации за