Информација за извлекување на натпреварувачките броеви за Плеј Оф и Плеј Аут од Супер Машка Лига

Информација за извлекување на натпреварувачките броеви за Плеј Оф и Плеј Аут од Супер Машка Лига

На ден 22.12.2022 година (четврток) со почеток во 12.00 часот ќе се изврши извлекување на натпреварувачки броеви за плеј оф и плеј аут за супер машка ракометна лига.

По завршување на 14-то коло од регуларниот дел се разигрува плеј оф и плеј аут, односно екипите пласирани/рангирани од 1-4 место по групи ќе ја формираат плеј оф групата од 8 екипи и екипите со остварен пласман од 5-8 место во групи во регуларниот дел ќе ја формираат групата плеј аут од 8 екипи.
Во плеј оф и плеј аут екипите се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќингостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола до добивање на конечен пласман во највисок степен на натпреварување. Распоредот на натпреварите ќе биде одреден по завршување на регуларниот дел со жребање по Бергер систем.

Екипите во плеј оф дополнително пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од
одиграните 14 кола по принцип:

ГРУПА АГРУПА ББОДОВИ
РК ВАРДАР 1961РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР3
РК АЛКАЛОИДРК ПРОЛЕТ 622
РК БУТЕЛ СКОПЈЕРК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21
ГРК ОХРИДГРК ТИКВЕШ 20140

Екипите во плеј аут групата, формирана од екипите од 5-8 место (група А и Б), разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола за опстанок во Супер машка лига, дополнително пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 14 кола по принцип:

ГРУПА АГРУПА ББОДОВИ
РК СТРУГАРК ГОЛДЕН АРТ КЛ73
РК ПРИЛЕПРК СКОПЈЕ 20202
МРК КУМАНОВОРК РАДОВИШ1
РК ВАРДАР НЕГОТИНОРК ЈУНИОР К.В 0

По добивање на конечниот пласман во плеј аут групата пласираните од 1-5 место
остануваат во Супер лига , 6-от игра еден бараж натпревар на неутрален терен со 3-от од
Прва лига за опстанок во највисок степен на натпреварување ( во случај на нерешен
резултат се изведуваат дирекно седмерци ), 7-от и 8-от преминуваат во Прва лига, а
првиот и вториот од Прва лига влегуваат директно во Супер лига.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести