Информација за извлекување на натпреварувачките броеви за Плеј Оф и Плеј Аут од Супер Машка Лига

Информација за извлекување на натпреварувачките броеви за Плеј Оф и Плеј Аут од Супер Машка Лига

Денес со почеток во 14:00 часот ќе се изврши извлекување на натпреварувачки броеви на екипите учесници во Плеј оф и Плеј аут од Супер машка ракометна лига

По завршување на 14-то коло од регуларниот дел се разигрува плеј оф и плеј аут, односно екипите пласирани/рангирани од 1-4 место по групи ќе ја формираат плеј оф групата од 8 екипи и екипите со остварен пласман од 5-8 место во групи во регуларниот дел ќе ја формираат групата плеј аут од 8 екипи.
Во плеј оф и плеј аут екипите се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин/гостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола до добивање на конечен пласман во највисок степен на натпреварување. Распоредот на натпреварите ќе биде одреден по завршување на регуларниот дел со жребање по Бергер систем.

Екипите во плеј оф дополнително пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од
одиграните 14 кола по принцип:

ГРУПА АГРУПА ББОДОВИ
РК АЛКАЛОИДРК ВАРДАР 19613
ГРК ОХРИДРК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР2
ГРК ТИКВЕШ 2014РК БУТЕЛ СКОПЈЕ1
РК СТРУГАРК ПРОЛЕТ 620

Екипите во плеј аут групата, формирана од екипите од 5-8 место (група А и Б), разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола за опстанок во Супер машка лига, дополнително пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 14 кола по принцип:

ГРУПА АГРУПА ББОДОВИ
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2РК ГОЛДЕН АРТ КЛ73
РК АЕРОДРОМРК ПРИЛЕП2
МРК КУМАНОВОРК МУЛТИ ЕСЕНС1
РК СКОПЈЕ 2020РК ВАРДАР НЕГОТИНО0

Извлекувањето може да се следи во живо на YouTube каналот на РФМ: https://www.youtube.com/watch?v=yEAXFyGZhPo&ab_channel=RFMHANDBALL

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024