Почитувани,
Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ , односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации , Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на тренер/селектор Јулијана Дамчевска одговорна за јуниорска национална селекција (W19) и тренер/селектор Кристијан Грчевски одговорен за кадетската национална селекција (W17).
Се закажува собир за пред – селекција на ден 04.06.2023 г.(недела), со почеток во 11 часот во Спортска Сала „Автокоманда“ за ракометарки генерација 2006/2007 .
Ги замолуваме ракометните клубови (женска конкуренција) , да постапат согасно инструкциите доставени по електронска пошта.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија