Почитувани спортски пријатели,
Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено ја раскинаа соработката со Ракометна Федерација на Македонија во делот на спороведување на програмските активности, упатуваме благодарност за досегашната соработка и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера.
Согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван г-дин Благојче Тодоровски на место на г-дин Славе Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ, ракометен меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија