Голема победа на сениорките против Исланд за пласман во баражот за СП

Голема победа на сениорките против Исланд за пласман во баражот за СП

Елена Ѓорѓијевска постигна гол во самата последна секунда од натпреварот и донесе победа за Македонија од 27-20 над фаворизираниот Исланд, доволно висока за осигурување на една од првите две позиции во квалификациската група.

Македонските ракометарки одиграа фантастичен натпревар во кој имаа водство во текот на сите 60 минути. Керамичиева, Елена Ѓорѓијевска, Душица Ѓорѓијевска, Ристовска и Саздовска беа реализатори на стартот од средбата и Македонија веќе по 10 минути игра имаше предност од 8-3. По тајм-аутот на Исланд разликата се намали на 12-9 во период во кој голманот на Исланд имаше неколку одлични интервенции, но до крајот на полувремето на ист начин врати и Наташа Антиќ, па на пауза се замина со 15-11 за Македонија.

На почетокот на второто полувреме се играше гол-за-гол, а Македонија ја одржуваше разликата на околу 5 гола. На средината на второто полувреме следуваше подолг период во кој двете репрезентации не успеваа да го најдат патот до противничката мрежа, но таа серија ја прекина Елена Ѓеорѓиевска за 21-15 за Македонија на нешто повеќе од 10 минути до крајот. Во 52-та минута Македонија стигна и до највисоката предност од 24-16, но во наредните неколку минути Исланд постигна 4 гола, а Јована Саздовска постигна два за Македонија па во самата завршница се влезе со 26-20 за нашиот тим.

Последниот напад, иако со играч помалку, го имаше Македонија и на нашите ракометарки им беше потребен гол за бараж. По неколкуте обиди да се пробие противничката одбрана, Елена Ѓорѓијевска постигна гол со шут во самата последна минута и ги постави конечните 27-20 за голема радост на нашите ракометарки.

Елена Ѓорѓијевска го заврши мечот со вкупно 5 постигнати голови, а најпрецизна во нашиот тим одново беше Сара Ристовска со 10 голови. Теа Керамичиева реализираше 5 гола, Саздовска го заврши мечот со 4, Душица Ѓорѓијевска додаде 2 гола, а еден гол постигна и Ливриниќ. Нов одличен натпревар на нашиот гол имаше Наташа Антиќ.

Со оваа победа, Македонија осигура едно од првите две места во квалификациската група кои водат во баражот за СП 2017. Последниот меч од групата помеѓу Австрија и Фарски Острови се игра вечерва, но резултатот нема значење за конечниот исход од квалификациите во однос на нашата репрезентација.

Бараж натпреварите за пласман на СП 2017 година што ќе се игра во Германија, ќе се одиграат во јуни 2017.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на