Комесарот за натпревари закажува годишна конференција на клубовите од Првата машка ракометна лига. Конференцијата ќе се одржи во Скопје на ден 30.08.2016 (вторник) со почеток од 11:00 часот во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.
Дневен ред:
1. Разгледување на годишен извештај за Прва машка ракометна лига.
2. Разгледување на предлог Пропозициите за Прва машка ракометна лига за натпреварувачка сезона 2016/17.
3. Предлог за почеток на есенска полусезона.
4. Влечење на натпреварувачки броеви.
Комесар за натпревари,
Камер Металари