Сениорите го одржаа првиот собир

Сениорската машка репрезентација на Македонија попладнево во хотелот „Русија“ во Скопје го одржа првиот собир кој го означува стартот на подготовките за Квалификацискиот турнир за ОИ 2016.

Во убава, позитивна и пријателска атмосфера, а со мислите единствено насочени кон натпреварите во Гдањск, репрезентативците заедно со членовите на стручниот штаб поразговараа за значајниот период кој претстои. Поради настапи за своите клубови во текот на овој викенд, неколкумина играчи не присуствуваа на денешниот прв собир, но во текот на наредните денови, односно по завршувањето на клупските обврски, веднаш ќе се приклучат на подготовките.

Почнувајќи од утре изутрина, репрезентацијата ќе работи два тренинга дневно во салата „Јане Сандански“, а за четврток е предвидено заминувањето за Гдањск. На Квалификацискиот турнир за ОИ што ќе се игра од петок до недела, Македонија се наоѓа во група со Полска, Тунис и Чиле. Двете најдобропласирани репрезентации од групата ќе обезбедат пласман на Олимписките игри во Рио 2016.

DSC_0824

DSC_0831

DSC_0835

DSC_0840

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести