Младинките отпатуваа за Франција. Утре почнуваат квалификациите за СП

Младинките отпатуваа за Франција. Утре почнуваат квалификациите за СП

Македонската женска младинска репрезентација (У20) денеска отпатува за Франција каде во периодот од петок до недела ќе настапи на квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2016 година.

Избраничките на Симе Симовски, по подготовките во Скопје во текот на оваа седмица, утре го отвораат турнирот со натпреварот против Израел, а во сабота и недела ќе се сретнат уште со Словенија и домаќинот Франција. Само најдобропласираната екипа обезбедува учество на Светското Првенство. Првите два натпревари ги играме во терминот од 14:30 часот, додека мечот од последното коло против Франција е закажан да почне од 15:00 часот.

Распоред на натпревари:
18.03.2016 (14:30) Македонија – Израел
19.03.2016 (14:30) Македонија – Словенија
20.03.2016 (15:00) Македонија – Франција

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за

Известување

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на