(Фото) Македонија тренираше во Таурон Арена. Утре почнува ЕП

(Фото) Македонија тренираше во Таурон Арена. Утре почнува ЕП

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска одработи тренинг и во елитната „Таурон“ арена, местото каде утре од 18:00 часот ќе го започне настапот на ЕП против силната Франција.

Во добра позитивна атмосфера, нашата репрезентација фокусирана на големиот предизвик кој се наоѓа пред неа, ги минува последните часови пред почетокот на континенталниот собир. Откако вчера избраниците на Ивица Обрван тренираа во тренинг-салата во Краков, денеска го одработија својот прв тренинг и во новата „Таурон“ арена. Пред почетокот на тренингот, членовите на нашата репрезентација присуствуваа и на краток брифинг со медиумите, претставувајќи ги очекувањата од натпреварите кои следат.

Репрезентацијата на Македонија утре од 18:00 часот против Франција ќе го стартува Европското Првенство. Во нашата група утре од 20:30 ќе играат Србија и домаќинот Полска.

001 002 003 006 010

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

СЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА РАКОМЕТАРИ РОДЕНИ 2004 ГОДИНА И ПОМЛАДИ РАДОСЛАВ СТОЈАНОВИЌ ГО ОБЈАВУВА СПИСОКОТ НАПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

Селекторот на машката младинска репрезентација, г-дин Радослав Стојановиќ го објавуваат списокот на повикани