Селекторот на Женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави поширокиот список на ракометарки за Квалификациските натпревари за Светското Младинско Првенство во женска конкуренција што ќе се игра летово во Унгарија.
Список на ракометарки:
Јована Мицевска, Амра Илјаз, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Јана Калајџиевска, Леонида Гичевска, Марија Гугуљанова, Мила Трајковиќ, Ана Марија Божиновска, Тамара Ивановска, Јована Кипријановска, Мери Арсениевска, Пена Граматова, Марија Тасевска, Ивона Трпевска, Биљана Дамчевска, Арљинда Динарица, Марија Гајиќ, Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Мила Алексоска, Јована Владева.
Квалификациската група за Светското Првенство ќе се игра во периодот од 23 до 25 март на Исланд, а во борба за првите две места во групата, кои водат на завршницата од Мундијалот во младинска конкуренција, Македонија ќе се натпреварува со Германија, Литванија и домаќинот Исланд.