Викендов во салата „Автокоманда“ во Скопје се одржа завршниот турнир во Кадетска машка конкуренција, по кој РК Металург го освои трофејот победувајќи го РК Вардар во финалето со 27-25. Во мечот за третото место, РК Струга славеше во тесна завршница против РК Јуниор Ивни со 30-29 во струшкото дерби.
Пред овие две последни средби кои го одредија конечниот ранкинг на тимовите, во салата „Автокоманда“ одиграни беа и полуфиналните натпревари кои исто така беа неизвесни до самиот крај и во кои скопските екипи ги совладаа двете струшки екипи. РК Вардар беше подобар од РК Струга со 28-27, додека РК Металург го совлада РК Јуниор Ивни со 29-26.
За најдобар играч на турнирот прогласен беше ракометарот на РК Струга, Сеад Бајрамовски, а член на РК Струга е и најдобриот стрелец на турнирот, Цветан Кузмановски. За најдобар голман беше прогласен кадетскиот репрезентативец Марко Кизиќ од РК Вардар.
Фајнл Фор турнир – Кадетска лига мажи, резултати:
Полуфинале
Металург – Јуниор Ивни 29-26 (15-12)
Вардар – Струга 28-27 (18-15)
Натпревар за 3 место
Јуниор Ивни – Струга 29-30 (14-16)
Финале
Металург – Вардар 27-25 (17-14)