Пораз на Јуниорите од Норвешка на стартот на ЕП (27-24)

Пораз на Јуниорите од Норвешка на стартот на ЕП (27-24)

Репрезентацијата на Македонија до 20 години со пораз од 27-24 од Норвешка го отвори Јуниорското Европско Првенство што до 7 август ќе се игра во Данска.

Избраниците на Александар Јовиќ добро го отворија натпреварот и поведоа со 2-0, но следуваше серија од 3 гола на Норвежаните со која го превземаа водството и не го испуштија до крајот. Проблемите со реализацијата на нашиот состав во втората половина од првото полувреме, дозволија Норвежаните дополнително да се одлепат и на пауза се замина со 12-7.

Предводена од својот голман кој на крајот на натпреварот го доби и признанието за најдобар на мечот, Норвешка во еден момент од второто полувреме стигна и до двоцифрена разлика, која сепак нашите ракометари успеаја да ја намалат во завршницата за да ги постават конечните 27-23.

Европското првенство за нашите Јуниори продолжува утре со натпревар против домаќинот Данска што ќе почне од 20:00 часот во Колдинг. Вечерва, за крај на првото коло, Данска игра против Холандија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член