Женската кадетска репрезентација на Македонија (У17) со победа над селекцијата на Грција со резултат 13:18 го заврши квалификацискиот турнир во Скопје и обезбеди пласман на Европското првенство – W17 EHF EURO 2027, кое ќе се одржи во Црна Гора.
Со две победи и еден пораз, младите ракометарки успешно ги завршија квалификациите и обезбедија место меѓу најдобрите европски селекции.
Резултати од 3. коло – Група Б
Литванија – Косово 29:20
Грција – Македонија 13:18
Честитки до ракометарките и стручниот штаб за остварениот успех!
БРАВО МАКЕДОНИЈА! СЕ ГЛЕДАМЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО!















