РК Алкалоид освојувач на Куп на Македонија во машка конкуренција

РК Алкалоид освојувач на Куп на Македонија во машка конкуренција

Во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје се одржа Фајнл Фор турнирот во Куп на Македонија во машка конкуренција. Во финалната средба, екипата на РК Алкалоид ја совлада екипата на РК Еурофарм Пелистер по изведувањето на пенали 3:1, откако во регуларниот дел резултатот беше 22:22.

Претходно во полуфиналниот натпревар екипата на РК Алкалоид славеа пласман во финале против РК Вардар 1961 со резултат 25:24, а во вторниот полуфинален натпревар РК Еурофарм Пелисте беа поуспешни од екипата на ГРК Тиквеш 2014 со резултат 29:33.

На церемонијата што се одржа по завршувањето на финалето, пехарот го додели Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов, а индивидуалните награди беа доделени од Генереалниот секретар, г-дин Филип Милошевски.

Доделени беа и индивидуалните признанија:
Најкорисен играч (МВП): Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров ЖРК)
Најдобар стрелец: Леонора Рахмани (ЖРК Чаир Скопје)
Најдобар голман: Магдалена Којовиќ (ЖРК Чаир Скопје)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024