Денес со почеток во 14:00 часот ќе се изврши извлекување на натпреварувачки броеви на екипите учесници во Плеј оф и Плеј аут од Супер машка ракометна лига
По завршување на 14-то коло од регуларниот дел се разигрува плеј оф и плеј аут, односно екипите пласирани/рангирани од 1-4 место по групи ќе ја формираат плеј оф групата од 8 екипи и екипите со остварен пласман од 5-8 место во групи во регуларниот дел ќе ја формираат групата плеј аут од 8 екипи.
Во плеј оф и плеј аут екипите се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин/гостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола до добивање на конечен пласман во највисок степен на натпреварување. Распоредот на натпреварите ќе биде одреден по завршување на регуларниот дел со жребање по Бергер систем.
Екипите во плеј оф дополнително пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од
одиграните 14 кола по принцип:
ГРУПА А | ГРУПА Б | БОДОВИ |
РК АЛКАЛОИД | РК ВАРДАР 1961 | 3 |
ГРК ОХРИД | РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР | 2 |
ГРК ТИКВЕШ 2014 | РК БУТЕЛ СКОПЈЕ | 1 |
РК СТРУГА | РК ПРОЛЕТ 62 | 0 |
Екипите во плеј аут групата, формирана од екипите од 5-8 место (група А и Б), разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола за опстанок во Супер машка лига, дополнително пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 14 кола по принцип:
ГРУПА А | ГРУПА Б | БОДОВИ |
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 | РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 | 3 |
РК АЕРОДРОМ | РК ПРИЛЕП | 2 |
МРК КУМАНОВО | РК МУЛТИ ЕСЕНС | 1 |
РК СКОПЈЕ 2020 | РК ВАРДАР НЕГОТИНО | 0 |
Извлекувањето може да се следи во живо на YouTube каналот на РФМ: https://www.youtube.com/watch?v=yEAXFyGZhPo&ab_channel=RFMHANDBALL