Сениорската машка репрезентација на Македонија во рамки на ЕХФ неделата забележа една победа и еден нерешен резултат против репрезентацијата на Грција , во пријателските натпревари кои се оддираа во Солун.
Нашата сениорска репрезентација во првиот пријателски натпревар кој се оддигра на 03.11 оддигра нерешено со резултат 29:29 со погодокот на Ненад Костески во последните секунди од натпреварот, најефикасни ракометари за нашата репрезентација беа Жарко Пешевски и Филип Кузмановски кои постигнаа по пет погодоци.
Ден подоцна се оддигра и вториот пријателски натпревар помеѓу сенирските селекции на Македонија и Грција, во кој нашата селекција беше поуспешна. Резултатот по 60 минути игра беше 22:22 за Македонија.
Пријателските натпревари на машката сениорска репрезентација се дел од подготвителниот период за настап на ЕХФ ЕУРО 2024 во Германија.
Нашата репрезентација е дел од групата А заедно со репрезентациите Германија , Франција и Швајцарија.