Информација

Почитувани,

Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации, Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Наум Танески за тренер/селектор на машката кадетска репрезентација, а за помошник тренер е именуван г-дин Миле Бочкаровски.

Кадетската машка репрезентација ќе учествува на квалификациски турнир кој ќе се одржува во периодот 04.01.2024 – 08.01.2024 година. На турнирот ќе учествуваат и националните селекции на Косово, Швајцарија и Словачка од кои најдобрите 2 селекции ќе обезебедат пласман на EHF EURO M18 (2024) во Црна Гора.

Организатор на групата за квалификацискиот турнир е РФМ, натпреварите ќе се одигруваат во Скопје, спортскиот центар „Автокоманда“, а во пресрет на подготвителниот период машката кадетска репрезентација ќе учествува и на турнирот „Трофеј Карпати“ кој ќе се одржи во Плоешти, Романија во период од 25ти до 29ти Октомври 2023, каде ќе учествуваат и националните кадетски селекции на Египет, Црна Гора и Романија.

Со почит, 

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести