Вечерва во Спортската Сала “Парк” во Струмица се одигра натпреварот од Супер Куп на Македонија помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961.
Екипата на РК Вардар 1961 славеше во дуелот со резултат 26:30, и ја освои четвртатта тутула во Супер Купот на Македонија.
Интересен, незвесен, полн со резултатски пресврти до самиот крај на натпреварот оддиграа ракометарите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 во Спортската Сала “Парк” во Струмица.
Резултатот го отвори Лазаревски за почетно водство на РК Вардар, но во продолжение ракометарите на РК Еурофарм Пелистер успеаа да го свртат резултат во своја полза и имаа водство од два погодока (5:3, па 8:6 ..). Ракометарите на РК Вардар 1961 успеваа да го изедначуваат резултатот, но никако и да го превземат водството. На полувреме се замина со нерешен резултат 13:13.
Следеше егал дуел и во вториот дел, а најголемото водство во вториот дел им припана на ракометарите на РК Вардар 1961 кое изнесуваше два гола (14:16, па 23:25). Ракометарите на РК Еурофарм Пелистер во последните минути од натпреварот имаа неколку неискористени напади што на крај резултираше со пораз на тимот од Битола.