РК Алкалоид е шампион во младинска машка лига сезона 2021/22

РК Алкалоид е шампион во младинска машка лига сезона 2021/22

Викендов во салата “Антон Димитров” во Бутел, се одигра завршниот турнир во младинска машка лига за сезона 2021/22. Екипи кои учествуваа на завршниот турнир беа РК Бутел Скопје, РК Прилеп, РК Еурофарм Пелистер 2 и РК Алкалоид.

Сабота беше ден резервиран за полуфиналните натпревари, а недела за натпреварот за 3-то место и финалето во младинска машка лига.

Првиот полуфинален натпревар се одигра помеѓу екипите РК Алкалоид и РК Прилеп, во кој РК Алкалоид славеше победа со резултат 27:23 и се пласираше во финалето.

Вториот полуфинален натпревар беше помеѓу РК Бутел Скопје и РК Еурофарм Пелистер 2, а поуспешен во овој дуел беше домаќинот со резултат 28:24.

Во недела се играа натпреварот за 3-то место и финалето во младинска машка лига. Во натпреварот за 3-то место се сретнаа РК Прилеп и РК Еурофарм Пелистер 2, а победа во овој дуел забележа РК Еурофарм Пелистер 2 со резултат 19:25.

Финалниот натпревар од младинската машка лига започна во 20:00 часот помеѓу РК Алкалоид и РК Бутел Скопје. Се одигра доста динамичен и интересен натпревар помеѓу овие две екипи, старот беше во корист на РК Алкалоид и поведе со 4:0, ракометарите на РК Бутел успеаа резултатски да се вратат во игра и имаа водствот од 8:9 во 20-тата минута, сепак до крајот на полувремете ракометарите на РК Алкалоид ги користеа грешките на противниците и имаа водство од 12:10. Во второто полувреме ракометарите на РК Алкалоид ја одржуваа предност и славеа со резултат 23:22.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024