РК Вардар 1961 ја одбрани титулата во домашното првенство

РК Вардар 1961 ја одбрани титулата во домашното првенство

Денес во СЦ “Јане Сандански” ракометарите на РК Вардар 1961 со победата против ГРК Тиквеш од 35:27 во последниот натпревар од Плејоф во Супер Лига за сезоната 2021/2022, и ја освоија 15-тата титулата во домашното првенство.

Ракометарите на РК Вардар 1961 од почетокот до крајот од натпреварот имаа резултатска позитива, на полувреме имаа водство од 18:10, а на крај да слават со 35:27, и да ја освојат 15-тата титула во домашното првенство, односно седма во низа, со што црвено-црните се зацврстија на првото место според бројот на титули пред Металург и Пелистер кои се изедначени со по 6 трофеи, а по една титула имаат Преспа и Борец.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024