ИЗВЕСТУВАЊЕ

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 за бројот на странски играчи да остане непроменет односно како и во тековната сезона 2021/22.

УО на РФМ постапи согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) и го усвои предметното барање.

За натпреварувачката сезона 2022/23 при системот на натпревари при РФМ бројот на странци ќе изнесува 8 (осум), од кои 5 (пет) имаат обврска да се репрезентативци во своите национални селекции во било која категорија, а останатите 3 (три) по произволен избор на клубовите од кои се ангажирани.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024