Денес во “Замок Љубљана” се одржа извлекување на групите за претстојното WOMEN’S EHF EURO 2022 кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора во период од 04 – 20 Ноември 2022 година.
Женската сениорка репрезентација е во групата Ц заедно со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија.
Извлечени групи за ЕП 2022:
Група А – Љубљана: Норвешка, Унгарија, Хрватска, Швајцарија
Група Б – Целје: Данска, Шведска, Словенија, Србија
Група Ц – Скопје: Франција, Холандија, Македонија, Романија
Група Д – Подгорица: Полска, Црна Гора, Германија, Шпанија