Младинската женска репрезентација на Македонија ја совлада репрезентацијата на Косово 31-30 и ја запиша втората победа на W19 Шампионатот што се игра во Литванија
Репрезентација на Косово ја презема контролата врз играта и резултатот во раната фаза од натпреварот. Поведоа со 7-0, а потоа следеше еден период во кој составот на Македонија успеа да направи серија и да поведе со 13-11, на полувреме резултатот беше 14-12 за Македонија.
Во второто полувреме репрезентацијата на Македонија го контролираше натпреварот, разликата од два гола ја удвои на 15 мин до крајот на натпреварот. На крајот репрезентацијата на Косово резултатски се врати во игра, но не успеа да стигне до победа, резултат на крај беше 31-30 во корист на Македонија.
Официјален записник од натпреварот
Денес во 14:00 часот Македонија игра против Фарски Острови во натпревар за 5-тото место на Шампионатот.