Вечерва во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, во хотелот “Александар Палас “ во Скопје се одржа церемонија за свечено доделување на награди и признанија за најдобрите спортисти во 2018 година.
Сара Ристовска прогласена за најуспешна спортистка во 2018 година.
Во категоријата на најуспешни национални тимови, признанијата ги добија машката и женската сениорска репрезентација.
Капитенот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров е прогласен за најдобар македонски спортист во странство за 2018 година
Најдобри спортисти за 2018 година:
Спортистка на годината: Сара Ристовска (Македонија/Крим)
Најдобра машка репрезентација: Машка сениорска репрезентација
Најдобра женска репрезентација: Женска сениорска репрезентација
Најуспешен спортист во странство: Кирил Лазаров (Македонија/Нант)