Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) со победа од 29-22 над Русија го почна Светското Првенство во Алжир. Избраниците на Иле Темелковски иако на полувремето имаа негатива од 11-10, во второто полувреме одиграа одлично на двата краја од теренот и заслужено стигнаа до пресврт и висок триумф од 7 голови разлика.
И покрај доброто тимско издание, селекторот Темелковски заедно со капитенот Талески и голманот Томовски, во изјавите потенцираат дека екипата мора да остане фокусирана на следните предизвици, затоа што по денешниот слободен ден, веќе од утре нашата репрезентација продолжува со натпреварите од групата. Утре од 21:00 часот Македонија ќе игра со Брукина Фасо, додека во петок од 19:00 часот по македонско време, се среќаваме со селекцијата на Тунис.