Селекторот на машката сениорска репрезентација , г-дин Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани играчи за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на Men’s EHF Euro 2026.
Во рамки на машката ЕХФ недела, машката сениорска селекција ќе ги оддигра натпреварите од 5-тото и 6-тото коло во квалификацискиот циклус против репрезентациите на Естонија на гости и против Литванија на домашен терен.
Собирот се закажува за ден 4-ти Мај 2025 година (недела) со почеток во 15:30 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.