Наши пријатели

Металург 2 со победа над Вардар 2 во баражот опстана во Суперлигата

060682017_DSC0016_resize

РК Металург 2 и наредната сезона (2017/18) ќе се натпреварува во елитната Суперлига, откако во бараж натпреварот за опстанок, го совлада Вардар 2 со 36-26.

Металурзите рано во натпреварот стигнаа до солидна предност од 10-3, која до крајот на полувремето стана и двоцифрена. Предводен од младинските репрезентативци Димитриоски и Шилегов, Металург 2 на пауза замина со водство од 20-10, кое со сигурна игра во текот на целото второ полувреме го претвори во конечен триумф од 36-26 (записник од натпреварот).

Димитриоски и Шилегов беа најдобри стрелци во победничкиот тим со по 6 постигнати голови, а меѓу најефикасните беа и Божиновски со 4, односно Серафимов, Танкоски и Ѓошевски кои постигнаа по 3 гола. Голманот Матеј Петковски исто така беше стрелец на 3 погодоци. Кај Вардар 2, Христијан Ѓоршоски беше најдобар стрелец со 6 погодоци.

Со оваа победа, Металург 2 го задржува суперлигашкиот статус, а Вардар 2 и наредната сезона ќе продолжи да се натпреварува во Првата машка лига. Во новата сезона (2017/18), Младост 09 од Богданци ќе игра во Суперлигата, додека Работнички испаѓа во Првата лига.

Сениорските клупски натпреварувања во Македонија завршуваат денеска со натпреварот помеѓу ГРК Борец и РК Вардар во последното коло од Плејофот. Натпреварот се игра во салата „Гемиџии“ во Велес со почеток од 17:00 часот.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright