ЖРК Металург е шампион во младинска женска лига

ЖРК Металург е шампион во младинска женска лига

Екипата на ЖРК Металуег е шампион во младинска женска лига за сезона 2021/2022.

Денес во Куманово во салата Перо Наков се одиграа полуфиналните и финалните натпревари од Ф4 турнирот во младинска женска лига. Екипи кои учествуваа во младинскиот женски Ф4 беа екипите на ЖРК Вардар, ЖРК Куманово, ЖРК Металург и ЖРК Чаир.

Младинскиот женски Ф4 започна во 10:30 часот со натпреварот ЖРК Куманово – ЖРК Вардар. Ракометарките на ЖРК Куманово беа поуспешни во овој дуел со резултат 27:26 иако на полувремето водство од два погодока имаа ракометарките на ЖРК Вардар, а погодокот за победа го постигаа по истекот на регуларното време односно по изведување на слободен удар.

Вториот полуфинален натпревар беше помеѓу екипите на ЖРК Металург и ЖРК Чаир. Ракометарките на ЖРК Чаир подобро го започнаа натпреварот и имаа водство од три погодоци, водство кое успеаа да го задржат до полувремето 19:20. Ракометарките на ЖРК Металург второто полувреме го започнаа со посигурна игра во нападот и цврста одбрана, на крај екипата на ЖРК Металург славеше победа со резултат 35:31.

Натпреварот за 3-то место се одигра помеѓу екипите ЖРК Вардар и ЖРК Чаир. Екипата на ЖРК Вардар беше поуспешна во овој натпревар и го освои 3-тото место во младинската женска лига за сезна 2021/2022 со резултат 37:25 (21:07).

Финалето на младинската женска лига започна според планираното во 20:00 часот а се сретнаа екипите на ЖРК Куманово и ЖРК Металург. Натпреварот започна изедначено, двете екипи играа гол за гол, а првото посериозно водство го имаше ЖРК Металург во 20-тата минута 04:08, ракометарките на ЖРК Куманово не успеаа да го намалат водството и на полувреме се замина со резултат 07:11. Во второто полувреме растеше предноста на ЖРК Металург и на крај славеа со резултат 26:16

Конечен пласман на Ф4:
1. ЖРК МЕТАЛУРГ
2. ЖРК КУМАНОВО
3. ЖРК ВАРДАР
4. ЖРК ЧАИР

По завршување на натпрварот беа доделени и индивидуалните признаниа:

МВП
ИВАНА АРСЕНИЕВСКА – ЖРК МЕТАЛУРГ
Најдобар стрелец
СТЕФАНИЈА ЃЕОРЃИЕВСКА – ЖРК ЧАИР
Најдобар голман
АНАСТАСИЈА ТОДОРОВ – ЖРК МЕТАЛУРГ

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести