Живко Мукаетов ќе биде Претседател на РФМ и во наредните 4 год

Живко Мукаетов ќе биде Претседател на РФМ и во наредните 4 год

Живко Мукаетов останува Претседател на Ракометната Федерација на Македонија откако на синоќешното Изборно Собрание, акламативно ја доби поддршката од членовите на Собранието. Од можни 40 делегати, вкупно 37 беа присутни на Собранието, при што едногласно му доделија нов четиригодишен мандат на Мукаетов.

Презентирајќи ги главните точки кои ги одбележаа активностите и работата на Федерацијата во минатите четири години, Мукаетов најави продолжување на растечкиот тренд и во наредниот период, заблагодарувајќи се на сите соработници и пријатели кои и досега го помагаа развојот на македонскиот ракомет.

MAK (rakomet) Sobranie na RFM 07.02.2017-9659

„Сакам да се заблагодарам на генерациите кои помагале за развојот на македонскиот спорт, сите ракометари, претседатели, генерални секретари и сите оние кои овозможија ракометот да се развива во ова темпо“, го почна Живко Мукаетов своето обраќање на почетокот од Собранието, потоа додавајќи:

„Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми дадоа поддршка мене и на мојот тим. Кога пред четири години застанав на оваа говорница ветив дека ќе се обидам македонскиот ракомет да функционира на поинаков начин од претходно. Во текот на овие 48 месеци вложивме многу напори и ресурси за работа со младите категории, кои треба да бидат база за работа за идните репрезентации. Ова раководство во изминатиот период се соочи со бројни предизвици, заеднички се радувавме на успесите, воедно и се јадосувавме при поразите. Убеден сум дека за пет до десет години до сега резултатите ќе бидат нешто на што сите ние ќе бидеме горди“, изјави Претседателот.

MAK (rakomet) Sobranie na RFM 07.02.2017-9811

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести