Втора победа за женската сениорска репрзентација во квалификациите за EHF EURO 2024

Втора победа за женската сениорска репрзентација во квалификациите за EHF EURO 2024

Женската сениорска репрезентација на Македонија денес ја запиша втората победа во квалификациите за пласман на EHF EURO 2024 во Австрија , Швајцарија и Унгарија.

Денес во Вилнис против репрезентацијата на Литванија сениорките ја запишаа втората победа, а со тоа се и чекор поблику до пласман на ЕП 2024.

Почетното водство го имаше домашната селекција преку Колосове уште во првата минута од натпреварот, а нашата репрезентција веднаш потоа го изедначи резултатот преку Сара Ристовска со погодок од 7 метри. Воведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, Македонија ја преземаше контролата и поведе со 08:10 по петнаесетина минути игра. Погодоците за нашата селекција ги постигнуваа Сара Ристовска, Јована Саздовска и Андреа Седлоска. Нашите ракометарки успеаа да го задржат водството и на полувреме се замина со резултат 15:17.

Без сериозни проблеми и контролирајќи ја играта во текот на целото второ полувреме , избраничките на Кристијан Грчевски успеаа да слават значајна победа во квалификациите.

Репрезентацијата на Македонија по две оддигра кола има две победи а исто толку има и нашиот следен противник во квалификациите , а тоа е репрезентацијата на Шпанија.

Сара Ристовска заедно со ракометарката од противничката репрезентација Аусра Арцисевискаја ја предводеа листата на стрелци со по девет постигнати погоци, следеше Андреа Седлоска со осум , а по шест погодоци постигнаа Јована Саздовска од Македонија и Симона Колосове од Азербејџан.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00