Втора победа на сениорите во квалификациите за ЕП 2022

Македонија вечерва извојува важна победа во квалификациите за ЕП 2022. На гостински терен во Швајцарија, македонските сениори победија со 25-23 (10-10). Македонија го контролираше резултатот во првото полувреме. Водеше со 4-2, 7-5, 9-7, но во финишот со серија од 3-0 домашните прејдоа во водство од 10-9. Македонија преку капитенот Лазаров израмни на 10-10 резултат на полувреме.

kire

Во вториот дел, Швајцарија водеше во првите десетина минути, а врвот го достигнаа во 45 минута кога поведоа со 18-15. По тај аутот на селекторот Брестовац, Македонија направи серија од 5-0 и го сврте резултатот во своја полза. Потоа до крајот на средбата не им дозволи на Швајцарците да се доближат и запиша втора победа во квалификациите. Конечен резултат  23 – 25 за Македонија.

Митревски имаше седум, Томовски три одбрани, Лазаров беше стрелец на шест, Стоилов на пет, а Кузмановски и Гоце Георгиевски на по четири гола.

митревски

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести