Втора победа на кадетите на СП

Кадетската репрезентација на Македонија во СЦ Борис Трајковски ја запиша втората победа на СП. Македонија беше поуспена од репрезентацијата на Бахреин со резултат 27:25, на полувреме 12:09.

Во натпреварот двете репрезентации влегоа доста мотивирано и борбено. Бахреин прв поведе во натпреварот, за потоа репрезентацијата на Македонија да ја врати контролата врз резултатот и играта. Македонија поведе со 4:2, а потоа ја имаше и највисоката предност на натпреварот од пет погодоци 9:4. Сепак на полувреме да се замине со резултат 12:09 за Македонија.

Во вториот дел Македонија имаше константно водство од 2-3 погодоци, сепак во последните моменти од натпреварот Дарко Кондев постигна погодок за конечен триумф на Македонија.

За Македонија најефикасен ракометар беше Мартин Серафимов со 10 погодоци, потоа Ненад Костески со 7, додека за репрезентацијата на Бахреин најефикасен беше Али со 11 погодоци.

Македонија во групата Ц е на втората позиција со 4 бодови, а Данска е прва со 6 бодови.

Утре Македонија во 20:30 часот игра против репрезентацијата на Данска во СЦ Борис Трајковски.

67702255_2467189833340381_8372999994357055488_n 67746571_477229779489884_2551530471578140672_n 67798098_2342598312658597_6939182689379418112_n 68920210_1315700135258012_3956361626390626304_n

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести