Собир на Младинките за Квалификацискиот турнир за СП 2016

Собир на Младинките за Квалификацискиот турнир за СП 2016

Младинската женска репрезентација на Македонија (У20) денеска од 14:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ги почнува подготовките за Квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2016.

Селекторот Симе Симовски го објави поширокиот список од 20 ракометарки кои ги повика за денешниот прв собир. Најголемиот дел од овие ракометарки беа активни во репрезентативниот дрес и во минатиот период, настапувајќи за сениорската женска репрезентација:

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

Квалификацискиот турнир за СП ќе се игра во областа Плаисир во околината на Париз во Франција, а нашата репрезентација се наоѓа во група со Израел, Словенија и домаќинот Франција. Според системот за натпреварување, само најдобро-пласираната селекција во групата ќе обезбеди место на Светското Првенство што летово ќе се игра во Русија.

Поаѓањето за Франција е предвидено за 17 март.

Распоред на натпревари:
18.03.2016 Македонија – Израел
19.03.2016 Македонија – Словенија
20.03.2016 Македонија – Франција

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести