Сениорките со победа го започнаа квалификацискиот циклус за пласман на EHF EURO 2024

Сениорките со победа го започнаа квалификацискиот циклус за пласман на EHF EURO 2024

Женската сениорска репрезентација на Македонија со убедлива победа против репрезентацијата на Азербејџан го започна квалификацискиот циклус за пласман на EHF EURO 2024.

Нашата сениорска селекција е дел од групата 5 во која се уште селекциите на Шпанија и Литванија.

Избраничките на Кристијан Грчевски добро го почнаа натпреварот и рано обезбедија водство кое го одржуваа во текот на целото прво полувреме. Цврстата одбрана и успешната реализација на контра нападите беа клучни во креирањето на предноста, додека Јована Саздовска, Сара Ристовска и Андреа Седлоска ги постигнуваа погодоците за нашата репрезентација. На пауза сениорките замина со убедливо водствто 23:10.

Без сериозни проблеми и контролирајќи ја играта во текот на вториот дел, нашиот тим стигна до убедлива победа 40:17. Селекторот Кристијан Грчевски често ротираше со тимот, давајќи им минутажа на сите ракометарки, а нашата репрезентација во второто полувреме беше предводена од Ангела Јанкуловска која постина пет погодоци и Ива Младеновска која постигна 4.

Јована Саздовска и Андреа Седлоска беа најефикасните ракометарки за нашата селекција постигнувајќи по 7 подогоци, а за селекцијата на Азербејџан најрасположена ракометарка беше Слеманова Марта која постигна 6 погодоци.

Следен натпревар за сениорките е против селекцијата на Литванија на гостински терен, натпревар кој е закажан за 15.10 во Вилнис, Литванија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести