Денес во Љубљана, Словенија се оддржа извлекување на двојките за баражот за пласман на 2023 IHF Women’s World Championship кое ќе се оддржи во Данска, Шведска и Норвешка во период од 30 ноември до 17 декември во 2023 година.
Сениорската женска репрезентација на Македонија беше дел од првиот шешир на извлекувањето, а за противник ја доби репрезентацијата на Украина.
Бараж натпреварите се предвидени да се одиграат на 07/08 април, а реваншот на 11/12 април 2023 година.
На 2023 IHF Women’s World Championship покрај домаќините, пласман обезбедија и трите најдобро пласирани репрезентации на Women’s EHF EURO 2022 (Франција, Црна Гора и Холандија).