Сениорките го одиграа меѓународниот турнир во Анталија, подготовките продолжуваат во Скопје

Сениорките го одиграа меѓународниот турнир во Анталија, подготовките продолжуваат во Скопје

Сениорската женска репрезентација на Македонија викендов на меѓународниот турнир во Анталија одигра три силни натпревари против Турција, Литванија и Русија во склоп на подготовките за бараж двомечот за пласман на СП против Шведска.

Во првата средба против Олимпискиот шампион Русија, нашите ракометарки иако доживеаја пораз од 35-29, прикажаа одлична игра, особено во второто полувреме кое го добија со 15-14. Повратникот во репрезентацијата, Мирјета Бајрамоска, заедно со Елена Ѓорѓијевска и Сара Ристовска беа најефикасни во нашиот тим со по 6 голови, Елена Ливриниќ додаде 3 гола, а во листата на стрелци се запишаа и Николиќ и Керамичиева со по 2 гола, како и Гакидова, Јовановска, Саздовска и Величковска кои реализираа по еден погодок.

На втората средба против Литванија во петокот, Македонија доминираше во текот на сите 60 минути и заслужено стигна до триумф од 31-24. Избраничките на Симе Симовски, предноста од 17-10 која ја креираа уште во првото полувреме, успешно ја одржуваа до крајот на средбата. Бајрамоска и на овој натпревар постигна 6 голови со кои беше најефикасна, а Гакидова и Ливриниќ додадоа по 5. Стрелец на 4 гола беше Јована Саздовска, по 3 гола додадоа Елена Ѓорѓијевска и Душица Ѓорѓијевска, Сара Ристовска постигна 2, а по еден гол дополнија Наташа Нолевска и Теодора Керамичиева.

Во последниот ден од турнирот, Македонија загуби од домаќинот Турција. Во првото полувреме се играше генерално изедначено, а Турција на пауза замина со предност од 20-16. Во вторите 30 минути домаќинот дополнително ја зголеми разликата за конечни 38-29. Бајрамоска и Ристоска беа стрелци на по 5 гола во нашиот состав, Саздовска, Ливриниќ и Елена Ѓорѓијевска постигнаа по 4 голови, Керамичиева и Саздовска додадоа по 2, а по еден гол запишаа Душица Ѓорѓијевска, Николиќ и Јовановска.

Македонија – Русија 29-35 (14-21) – Записник од натпреварот
Македонија – Литванија 31-24 (17-10) – Записник од натпреварот
Македонија – Турција 29-38 (16-20) – Записник од натпреварот

Ова беа последни подготвителни натпревари за нашата репрезентација пред бараж двомечот за пласман на СП 2017 против Шведска. Вчера сениорките се вратија во Скопје, а веќе денеска продолжуваат со редовните тренинзи пред првата од двете средби против Шведска што ќе се игра во СРЦ „Кале“ во сабота (10 јуни). Реваншот во Иштад во Шведска ќе се игра на 13 јуни.

viber image

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на