Вечерва во Fönix Арената во Дебрецен женската сениорска репрезентација на Македонија го оддигра вториот натпревар на Women’s EHF EURO 2024, а за противник ја имаа селекцијата на Турција.
Нашите најдобри ракометарки одлично го започнаа натпреварот и први поведоа на натпреварот преку Ристовска Сара. Избраничките на Грчески Кристијан одиграа одлично во почетните минути на натпреварот, но ракометарките на Турциа брзо се вратија во игра. Следеа неколку технички грешки на нашите ракометарки а истите ракометарките на Турција ги користеа. Ракометарките на Турцијата предоста од 2 до 3 погодоци ја сочуваа до крајот на полувремето (12:15).
Второто полувреме започна добро за ракоемарките на Турција кои имаа и предност од пет подогоци (15:20) по осум минути игра. Избраничките на Грчевски Кристијан не се предадоа лесно на натпреварот и со серија од 7:0 ја превзедоа предноста. Набрзо потоа ракометарките на Турција го изедначија резултат и до крајот на натпреварот се играше гол за гол. Конечниот резултат на средбата беше 25:25.
Нашите ракометарки во последното коло од групната фаза ќе играат против домаќинот Унгарија, а натпреварот е предвиден да се оддигра во понеделник (02.12.2024) со почеток во 18:00 часот.