Сениорите во вториот шешир за извлекувањето на квалификациските групи за Men’s EHF EURO 2024

Сениорите во вториот шешир за извлекувањето на квалификациските групи за Men’s EHF EURO 2024

Машката сениорска репрезентација е дел од вториот шешир за претстојното извлекување на квалификациските групи за Men’s EHF EURO 2024.

Men’s EHF EURO 2024 ќе се одржи во Германија во период од 10.01.2024 до 28.01.2024 година.

Извлекувањето на квалификациските групи заMen’s EHF EURO 2024 е закажано на 31.03.2022 во Берлин, Германија во 18:00 часот.

Вкупно 32 репрезентации ќе учествуваат во квалификациите, а пред извлекувањето се поделени во 4 шешири.

шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
шешир 2: Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина, МАКЕДОНИЈА
шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Латвија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург

Извлекувањето на квалификациските групи за Men’s EHF EURO 2024 ќе може да се проследи во живо на EHFTV, FACEBOOK и на официјалниот YouTube канал. Директен пренос од извлекувањето ќе биде емитувано и на ARENA SPORT 1

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести