Сениорите со победа патуваат на Светско првенство во Полска

Сениорите со победа патуваат на Светско првенство во Полска

Сениорската репрезентација на Македонија против Израел го одигра последниот подготвителен натпревар пред настапот на СП 2023 што ќе се одржи во Полска и Шведска.

Ракометарите на Македонија запишаа победа во овој натпревар со резултат 38:37, на полувреме 23:19. Најефикасен за нашата репрезетација беше Дејан Манасков со единаесет постигнати погодоци, Филип Кузмановски постигна шест погодоци.

Репрезентацијата на Македонија на претстојното СП е дел од групата Ф заедно со репрезетнациите на Холандија, Норвешка и Аргентина.

Настапот на македонските ракометари на СП започнува на 13.01 против Норвешка во 20:30 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на