Сениорите со победа и пораз во пријателските натпревари против Црна Гора

Сениорите со победа и пораз во пријателските натпревари против Црна Гора

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија во подготвителниот период забележа победа и пораз во пријателските натпревари против репрезентацијата на Црна Гора.

Машката сениорска репезентација во рамки на подготвителниот период во Маврово за настап на Светско првенство во Полска и Шведска одигра два контролни натпревари против Црна Гора.

Првиот натпревар одигран на 27.12 во Маврово, сениорите запишаа победа од 38:30 против Црна Гора. Нашата селекција овој натпревар го одигра без Никола Митревски и Филип Кузмановски.

Најдобар стрелец за нашата репрезентација беше Дејан Манасков со десет погодоци, пред Филип Талески, Игор Ѓоргиев и Гоце Георгиевски кои постигнаа по пет погодоци. За селекцијата на Црна Гора најефикасен беше Стеван Вујовиќ со осум гола, додека Филип Вујовиќ и Милош Божовиќ постигнаа по пет погодоци.

Ден подоцна се одигра и вториот контролен натпревар, а победа забелеша репрезентацијата на Црна Гора со резултат 31:30, на полувреме 18:14. Селекцијата на Македонија имаше и напад за изедначување на резултатот, но Марти Серафимов не успеа да го изедначи резултатот во последните секунди од натпреварот.

Жарко Пешевски беше најефикасен за нашата репрезентација со шест постигнати погодоци, додека Филип Талески, Ненад Костески и Гоце Георгивски постигнаа по пет погодоци. Додека за Црна Гора, најефикасен беше Мирко Радович со шест погодоци, сите посигнати од пенал.

За селекцијата на Македонија следи настап на Croatia Cup 2023 во период од 06-08.01 во Пореч, Хрватска, каде ќе одиграат натпревари против Хрватска и Израел.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести