Сениорите со победа го започнаа настапот на ЕП 2020

Сениорите со победа го започнаа настапот на ЕП 2020

Македонија со победа ја започна групната фаза на Европското првенство, откако вечерва во Виена ја совлада Украина со 26-25 (13-10) и изби на врвот на табелата во Б групата. Нашиот национален тим добро отвори, Манасков погоди од контра, а од првите два удари реализираше и капитенот Лазаров. Дури во 12-тата минута примивме гол од игра, откако Тилте со силен удар намали на 4-3.

Бебешко повика минута одмор во 14-тата минута при водство од +3 на македонскиот национален тим. Веднаш реагираа Украинците и Тилте и Остроушко намалија на 7-6 во 18. минута. Сепак, капитенот Лазаров и нововлезениот Танкоски и го вратија нашиот тим во ритам (10-6). Но, нашите технички грешки им дадоа полет на ривалите и со серија 3-0, Украина се доближи до 10-9. Следеше наш позитивен бран, голови на Пешевски и Талески за 12-9 во 27-тата минута, Митревски одбрани седмерец и на одмор заминавме со 13-10.

Во знакот на Лазаров и Стоилов, одлично го отворивме вториот дел и првпат предноста достигна +5. И покрај осцилациите, предноста ја одржувавме, а Украинците не делуваа опасно. Нашиот противник профитираше од исклучувањето на Стоилов и намали на -2 на средина од вториот дел. Кога Чип погоди од контра напад, Брестовац побара минута одмор при 21-20. Комок му одбрани двапати на Пешевски, а Остроушко со два гола првпат донесе израмнување во вториот дел (22-22). Следеа два гола на Манасков за +2 на седум минути до крајот. Митревски со три одбранети зицери го одби украинскиот напад.

82214971_581263295770054_881271660722782208_n

Сепак, Остроушко не се предаваше и погоди за 25-24 и исклучување за Поповски. Не реализиравме напад и Груковски израмни на половина минута до крајот. Сепак, Лазаров ефектно со звукот на сирената погоди за победа од 26-25 и први бодови во групата.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Лазаров со осум гола и осум асистенции, а Манасков постигна пет гола. Блескаше меѓу стативите Митревски. Кај Украина се истакнаа Остроушко со пет и Жуков и Акименко со по четири погодоци.

81778362_471369006895316_5565412639267356672_n

Утре е слободен ден во групата Б, а в недела ни следи дуелот со Чешка.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Врска поведената постапка кон Делегатот-Контролор г-дин Марјан Начевски, по насока на Европскиот Арбитражен