Селекторот на Македонската сениорска репрезентација г-дин Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.
Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25.10.2018 (четврток) против репрезентацијата на Турција. Натпреварот ќе се одигра во Битола со салата “Боро Чурлевски” со почеток во 20:15 часот.
Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Кожани, Грција со почеток во 17:00 часот на ден 28.10.2018 (недела).
Поширок список на 28 ракометари за сениорската репрезентација.