Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Ивица Обрван го објави списокот на ракометари на кои смета за натпреварот од квалификациите за ЕП 2016 година.
Македонија на крајот на октомври е домаќин на Швајцарија (29.10.), а потоа гостува во Чешка (02.10). Во истата група е уште и Франција, а само најдобрите две репрезентации ќе обезбедат место на завршниот турнир.