Селекторот на женската кадетска репрезентација W17, г-ѓа Даниела Новеска го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојниот Европски Олимписки Младински Фестивал Скопје 2025 и W17 EHF EURO 2025.
На претстојниот Европски Олимписки Младински Фестивал Скопје 2025 кое се оддржува во период од 21.07 до 26.07.2025, нашата кадетска женска селекција е дел од групата Б заедно со селекциите Швајцарија, Норвешка и Исланд, а своите натпревари ќе ги играат во СЦ Јане Сандански.
Распоред и термини на натпревар:
- Македонија – Исланд – 17:00 часот – 21.07.2025
- Швајцарија – Македонија – 17:00 часот – 22.07.2025
- Македонија – Норвешка – 17:00 часот – 23.07.2025
На W17 EHF EURO 2025 кадетска женска селекција на Македонија е дел од групата Б заедно со селекциите на Германија , Португалија и Словачка. W17 EHF EURO ќе се оддржи во Црна Гора во Подгорица во период од 30.07 до 10.08.2025 година.
Распоред и термини на натпреварите на Македонија:
- 30.07.2025 – Германија – Македонија
- 31.07.2025 – Македонија – Словачка
- 02.08.2025 – Португалија – Македонија