Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија , Горан Кузманоски го објавува списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на EHF EURO – M18.
Машката кадетска репрезентација е дел од групата Д заедно со репрезентациите на Грција, Финска и Луксембург, домаќин на групата за пласман на EHF EURO е Луксембург.
Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
- 31.10 – Петок – Македонија – Финска (16:00 часот)
- 01.11 – Сабота – Македонија – Грција (14:30 часот)
- 02.11 – Недела – Луксембург – Македонија (15:30 часот)
Собирот на ракометарите ќе се одржи на 27.10.2025 (понеделник) во 11:00 часот во Хотел Русија.