Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за IHF Men’s World Champioship 2023 POL/SWE

Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за IHF Men’s World Champioship 2023 POL/SWE

Селекторот на машката сениорска репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојното IHF MEN’S WORLD CHAMPIONSHIP 2023 кое ќе се оддржи во Полска и Шведска во период од 11.01 до 29.01.2023 година.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ

Машката сениорска репрезентација е дел од групата Ф заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите од групата се играат во Краков, Полска во „Таурон Арена“.

Сениорите настапот на IHF MEN’S WORLD CHAMPIONSHIP 2023 го започнуваат на 13.01.2023 против репрезентацијата на Норвешка во 20:30 часот.

Потоа следи дуелот против репрезентацијата на Холандија на 15.01 во 18:00 часот, а последниот натпревар од групната фаза е на 17.01 против Аргентина во 18:00 часот.

Собирот на репрезентацијата е закажан на ден 20.12.2022 (вторник) во 11:30 h, Хотел Александар Палас во Скопје.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници